Дали има докажан безбедносен профил. Ultherapy® има повеќе од 50 докажани клинички студии и моментално е присутен во повеќе од 78 земји во светот, со повеќе од 1,5 милиони направени третмани на глобално ниво.
Ultherapy® е нехируршки третман кој ја користи ултразвучната технологија за да се стимулира формирањето на сопствен колаген длабоко под површината на кожата.
Ultherapy® е единствен третман во светот кој користи визуелизација која му овозможува на Вашиот лекар да ги види сите слоеви на кожата и да биде сигурен дека енергијата која се депонира е онаму каде е најкорисно за производство на нов колаген, без притоа да ги оштети останатите слоеви на кожа.
Третманот трае помеѓу 30 и 90 минути, во зависност од регијата која се третира. Важно е да се напомене дека нема време на закрепнување, односно пациенот по третманот е слободен да продолжи со останатите секојдневни обврски
По Ultherapy® третманот нема закрепнување и веднаш по третманот сте слободни да се вратите на секојдневните активности, без да бидете „откриени„ дека сте биле кај Вашиот лекар естетичар.
Бидејќи третманот го стимулира создавањето на сопствен колаген, колку долго ќе траат резултатите зависи од Вас. Резултатите се видливи веднаш, но правите резултати ќе бидат видливи по 2-3 месеци, откога стариот колаген и еластин ќе бидат заменети со нови на третираните подрачја. Само еден Ultherapy® третман кај некои лица има ефект 12 месеци или подолго.
При третманот со ултразвучна енергија може да почувствувате пецкање. Нивото на конфор зависи од особа до особа, но е важно да се напомене дека пецкањето трае само во моментот на транспортот на енергијата во третираната регија.