SkinPen микронидлинг ја поттикнува кожата на производство на колаген и регенерација, односно ја намалува големината на лузните, стриите, хиперпигментацијата и борите. Терапијата со микроиглички е совршен третман кој одговара на предизвиците на денешниот начин на животниот стил, така што ја обновува кожата и со тоа се постигнува посвеж изглед во секоја прилика.
SkinPen Precision третманот со микроиглички е многу ефикасна нехируршка метода за отстранување и редукција на бори и лузни (на пример лузни на лицето, односно лузни од акни), потполно без контраиндикации и било какви компликации. Целокупната структура на кожата останува недопрена.
Овој прецизен микромеханички апарат е осмислен за подмладување на лицето по природен пат, така што ја поттикнува кожата на обновување и притоа ги ублажува борите, стриите и лузните, односно се постигнува затегнување и подмладување на кожата. Се применува на сите регии на телото (лице, врат, деколте, дланки, надлактица, грб...).
Апаратот содржи 14 микроиглички изработени од висококвалитетен јапонски нерѓосувачки челик кој во секунда може да направи дури 1600 микроскопски канали. Со ваков невиден резултат, односно, со ваква невидена брзина на работа, за третирање на целото лице доволни се отприлика 20 минути.
Во текот на еден третман со SkinPen Precision апаратот, на Вашата кожа се прават околу 2 милиони микроубоди и тоа е наједноставниот одговор на прашањето што е микронидлинг.
Настанатите микрооштетувања го активираат природниот механизам за самообновување на кожата, го зголемуваат нивото на фактори на раст, колагенот, ја обновуваат кожата слоевито, а резултат на тоа е здрава и млада кожа. На тој начин кожата преку природен процес се регенерира и подмладува.
Автоматизираните движења ја минимизираат болката и непријатноста, а во исто време обезбедуваат брзо закрепнување.
Микроигличките не доведуваат до вистинско оштетување на ткивата, но како и да е нашиот организам реагира на интрузија, односно на продорот. Нервите испраќаат електрични импулси кои го започнуваат процесот на зараснување и со тоа се зголемува производството на колаген и еластин.
Повеќекратната засилена структура на колаген ја згуснува кожата и на тој начин ги пополнува постоечките атрофични лузни. Оваа реакција на телото се вика неоколагенеза.
Бидејќи на колгенските влакна и на капиларите им е потребно време да се формираат, потребно е да се има трпение.
SkinPen Precision by Crown Aesthetics е одобрен од страна на FDA (Американска администрација за храна и лекови) и клинички е докажано дека се подобруваат лузните од акни, поточно нивниот изглед, кај пациенти на возраст од 18 години и постари, а со повеќе од 90 независни студии е потврдена безбедноста и ефектот на апаратот.
Веќе по три минимално инвазивни третмани, односно посета во рок од 30 дена, можете да го подобрите Вашиот изглед и со самодоверба да ја покажете кожата на Вашето лице.