Апаратот содржи 14 микроиглички изградени од висококвалитетен јапонски нерѓосувачки челик, кој во секунда може да направи дури 1600 микроскопски канали. Благодарејќи на новите технологии апаратот е многу попрецизен, што овозможува и прецизна длабочина на убодите. Во секој момент се знае точно каков резултат ќе се постигне со третманот.
Доколку имате отворени рани, лузни или изгореници на лицето, не сте кандидат за SkinPen. Исто така, третманот не се прави за време на бременост и доење.
За третман на длабоки лузни (на пример. хируршки лузни, потешки лузни на лицето) се препорачува да се направат од шест до осум третмани, додека за подмладување и подобрување на текстура, првите резултати можат да се очекуваат по три третмани. Важно е да се има на ум дека резултатите не можат да бидат видливи веднаш, доаѓаат по одреден период и со тек на времето се подобруваат.
Специјалноста на SkinPen третманите се всушност лузните – лузни на лицето, лузни од акни, хируршки лузни. Терапијата со микроиглички по природен пат ја поттикнува кожата на самообновување, на создавање нов колаген и еластин, правејќи ги на тој начин лузните помалку видливи.
Терапијата предизвикува црвенило, односно воспаление и топла кожа на допир. Тоа е нормална реакција на третман со микроиглички. Кожата се смирува 1-2 часа по третманот, а по 24 часа се нормализира.
Препорака е да се избегнува сонце и солариум 30 дена по третманот.
Третманот е минимално до умерено болен. Зависи колку секој од нас има осетлива кожа и зависи која регија од кожата или телото се третира.