RADIESSE® е колаген биостимулатор со уникатно дизајнирана формулација и технологија која Ви нуди индивидуален третман – приспособен на Вашите единствени потреби.1,2,5
Откријте ја моќта на подмладување на кожата! Поттикнете го производството на создавањето на колагенот за да го зачувате младешкиот изглед.
Недостаток на колаген е една од главните причини за појава на првите знаци на стареење. Како што поминува времето, нивото на колаген во нашата кожа значително се намалува.
Фибробласти, кои се нарекуваат ‘фабрики за колаген’, со текот на времето се исклучуваат и произведуваат се помалку колаген, поради што кожата се опушта, ги губи контурите и младешкиот изглед.3,4
RADIESSE®е составен од мали микросфери на калциум хидроксиапатит (CaHA) од кој се формира гел. Микросферите на CaHA ги активираат природните процеси на телото за производство на колаген и еластин во кожата. Со тек на времето, Вашето тело по природен пат ги елиминира овие микросфери и гелот, оставајќи го зад себе само новоформираниот природен колаген.1,2,9–13
Резултат е Вашата кожа – подмладена, со подобар квалитет, контури и структура. За моментални и долготрајни природни резултати.6,14
Со тек на времето, биостимулацијата доведува до формирање на нова мрежа од колаген која го заменува калциумот и на тој начин кожата и контурите на пациентот се обновуваат одвнатре.4, 21–23
Микросферите на RADIESSE се целосно биоразградливи и се метаболизираат со природен егзоген механизам – фагоцитоза. Во текот на овој процес се ослободуваат јони на калциум и фосфат, кои се идентични со оние во нашето тело.24
Моментално затегнување
& контурирање
Долготрајно производство на колаген и
подобрување на квалитетот на кожата
1
1. Корекција на борите фибробластна контракција
Моментално затегнување и ефект на контурирање на видливите знаци на стареење-измазнување на борите и наборите, контурирање.
2
Стимулира производство на колаген и еластин
CaHa микросферите создаваат скелиња кои ги стимулираат „фабриките за колаген„-фибробласти- да произведуваат колаген.
3
Го подобрува квалитетот на кожата
Новоформираните мрежи на колаген и еластин обезбедуваат структурна поддршка и подобрување на квалитетот на кожата.
Гел матрикс
CaHA микросфери
Колаген влакна
Фибробласти
Еластин
Епидермис
Дермис
Субкутис