RADIESSE® се инјектира под кожа. Количината на инјектиран RADIESSE® ќе влијае на времетраење на третманот, но обично консултација заедно со третманот траат околу 30 минути.
Во зависност од извршениот третман, ефектите можат да бидат видливи веднаш по инјектирањето поради ефектите на затегнување, контурирање и обновување на волуменот. Дополнително, со стимулирање на сопственото природно производство на колаген во Вашето тело, придобивките од подобрувањето на квалитетот на кожата со RADIESSE® ќе продолжат да се развиваат со тек на времето.6, 15
Времетраењето на резултатите зависи од возраста, типот на кожата, начинот на живот, метаболизмот и, се разбира, областа која што се третира. Резултатите од RADIESSE® вообичаено се долготрајни, најчесто траат до 12 месеци. Кај некои луѓе, резултатите траеле и подолго, од 18 месеци до 2 години.15, 16
Третманот со RADIESSE® е минимално инвазивен, со голема стапка на задоволство кај пациентите,9,17 клинички докажан со голем број на студии. Потребно е малку време или пак не е воопшто потребно за нормално функционирање по третамнот. Најчесто по третманот можете веднаш да продолжите со Вашите вообичаени активности.
Важно е да барате клиника или здравствен работник кој е добро обучен за инјектирање или да има искуство за употреба на RADIESSE® колаген биостимулатор. Повеќе од 1 милион пациенти биле третирани со RADIESSE® и имале бенефит од неговиот добро етаблиран и поволен безбедносен профил, базиран на научни и клинички искуства.11, 15, 18