Секогаш е потребно да се нагласи дека дермалните филери и токсинот смее да ги аплицира само специјализиран експерт за естетика, односно исклучиво лекар со диплома од Медицински или Стоматолошки факултет со важечка медицинска лиценца издадена од надлежна комора.
Лекарите кои работат со портфолиото на Merz Aesthetics производите, покрај претходно наведеното, имаат завршено и дополнителни едукации и тренинзи за Belotero и Radiesse дермални филери за кои добиваат валидни сертификати.
Програмата за едукации на Medis Aesthetics Academy е организирана преку теоретски и практичен дел на работилници во живо, а од неодамна на лекарите им е достапна и онлајн платформа за дополнителни обуки.
Во зависност од претходното знаење и искуство на лекарот, работилниците се категоризираат во неколку нивоа кои се надоврзуваат едно на друго, од почетно ниво (Basic), средно ниво (Intermediate) до напредна едукација (Advanced workshops).
Покрај тоа, се организираат разновидни мастер работилници (Masterclass) со светски познати експерти, од целиот регион и Европа, кои несебично ја споделуваат својата експертиза и начин на работа со присутните лекари.
Едно од највисоките нивоа на едукација се целосно персонализирани 'Train the Trainer' работилници, каде на избраниот лекар ексклузивно му се овозможува да работи ‘еден на еден’ со избраниот тренер.