Убавината е комбинација на самодоверба, хармонија и единствените црти на Вашето лице. Без разлика на годините, само кога сте во храмонија со себе, може да зрачите со самодоверба. Дозволете им на луѓето да ја откријат Вашата единствена и природна убавина. Без разлика дали се работи за корекција или трансформација, пријатното чувство во сопствената кожа е дефинирано од личните избори, кои овозможуваат да се покажете онакви какви што сте, одблизу.
Без разлика дали се работи за креми, маски или спрејови за лице, многу козметички производи содржат хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина (ХА) овозможува природна хидратација на кожата и е составен дел од сврзното ткиво кое ја хидрира кожата. Ја врзува водата и на тој начин ја пополнува и измазнува кожата, односно се подобрува еластичноста и се затегнува кожата.5
Како што старее кожата, природната концентрација на хијалуронска киселина опаѓа и кожата почнува да губи еластичност, дехидрира и се појавуваат бори или набори.5 До 40-та година од животот имаме само околу половина од природните резерви на хијалуронска киселина, а последица на тоа е сува, испукана кожа и кожа со набори.5−6
Кога хијалуронската киселина се аплицира однадвор не може да продре низ сите слоеви на кожата. За видливи резултати потребно е да се инјектира во различни слоеви на кожата.
КАКО ИЗГЛЕДА
КОРЕКЦИЈА СО ФИЛЕРОТ BELOTERO?
BELOTERO® е првокласна линија на филери на база на хијалуронска киселина и претставува вистински избор за сите кои сакаат природен изглед со долготраен ефект. Belotero® палетата на филери постигнува одлична целина на кожата, дава дискретни, мазни резултати, а истовремено ги задржува природните контури на Вашето лице.
Зошто треба да и верувате на палетата на BELOTERO® филерите:
Зошто BELOTERO® е посебен?
Постојат многу можности за третмани кои можете да ги направите со филерите од палетата на BELOTERO®, многу повеќе отколку што мислите.
Покрај пополнување на бори, филерите можат да ја хидрираат Вашата кожа или да го обноват волуменот на лицето во региите каде што е потребно.
Измазнување на длабоки набори
Кога станува збор за длабоки набори, најчесто назолабијалните набори претставуваат проблем кај голем број на жени, бидејќи со текот на времето стануваат се поизразени. Палетата BELOTERO® може да се користи за дискретни, мазни корекции на тие длабоки набори.
Изгледајте повторно свежо и одморено
Убавите очи се главно обележје на нашата убавина. Палетата на BELOTERO® филерите може да помогне во намалување на знаците на стареење на чувствителната регија околу очите*.
Прилагодување на пропорциите на лицето и третирање на борите.
Стариот изглед на лицето не доаѓа од само еден набор
Комбинираниот третман со палетата на BELOTERO® може да ги намали борите, да ги освежи контурите на лицето и да ги преобликува усните за младешки изглед.
1. Vashi NA, et al. J Clin Aesthet Dermatol 2016;9:31–38. 2. Oyetakin-White P, et al. Clin Exp Dermatol 2015;40:17–22. 3. Dunn JH, Koo J. Dermatol Online J 2013;19:18561. 4. Anson G, et al. Aesthet Surg J 2016;36: 931–940. 5. Papakonstantinou E et al. Dermatoendocrinol 2012;4: 253–258. 6. Gomi T, Imamura T. Int J Cosmet Sci 2020;42:359–368. 7. Coleman S, Grover R. Aesthet Surg J 2006; 26 (Suppl): S4–S9. 8. Brandt FS, Cazzaniga A. Clin Interv Aging 2008;3:153–159. 9. BELOTERO® Revive. Instructions for Use. Version 3.0. Merz Aesthetics. 2018. 10. BELOTERO® Soft. Instructions for Use. Merz Aesthetics. 2015. 11. BELOTERO® Balance. Instructions for Use. Merz Aesthetics. 2015. 12. BELOTERO® Intense. Instructions for Use. Merz Aesthetics. 2015. 13. BELOTERO® Volume. Instructions for Use. Merz Aesthetics. 2015. 14. BELOTERO® Lips Contour. Instructions for Use. Merz Aesthetics. 2015. 15. BELOTERO® Lips Shape. Instructions for Use. Merz Aesthetics. 2015. 16. Tran C, et al. Dermatol 2014;228:47–54. 17. Micheels P, et al. Dermatol Surg 2012;38:1162–9. 18. Micheels P, et al. J Clin Aesthet Dermatol 2015;8:28–34. 19. Narins DS, et al. Dermatol Surg 2010;36 Suppl 3:1800–08. 20. Pavicic T. J Drugs Dermatol 2011;10:134–139. 21. Kühne U, et al.. J Drugs Dermatol 2012;11:1032–1035. 22. Taufig A, et al. J Ästhet Chir 2009;2:29–32. 23. Micheels P, et al. J Drugs Dermatol 2016;15: 600–606. 24. Hertz-Kleptow et al. Clin, Cosme Invest Dermatol 2019;12:563–72.