Не постои „вистинско“ време. Тоа е лична одлука! BELOTERO® асортиманот нуди широк спектар на решенија за сите потреби на пациентите - намалување на фините линии или подлабоките бори и уморно лице, подмладување или само желба за блескав изглед.
Пред секој третман следат консултации со пациентот, како би можеле да се информирате повеќе за нивните желби и очекувања. Потоа, во склоп со потребите, следи објаснување и предлог на индивидуалниот план на третман. Кога пациентот ќе донесе одлука, третманот може да започне.
Аплицирање на избраниот BELOTERO® производ, директно во кожа во регијата која треба да се третира.
Третманот со BELOTERO® производите е генерално поврзан со минимален напор и болка.9-15 Сите BELOTERO® филери се достапни и со лидокаин, како би се постигнале што побезболни искуства.
Покрај тоа, дополнително може да се примени и локална анестезија.
Да, можете да видите резултати веднаш по апликација, а неговиот ефект дополнително ќе се зголеми во наредните денови.
Не, не е потребно да се планира подолг период на закрепнување. Трагите од инјектирањето исчезнуваат после краток временски период.9 – 15
BELOTERO® дава резултати на природен изглед18, а пациентите наведуваат дека се задоволни од резултатите на третманот. И понатаму ќе изгледаат исто, но со свеж и природен изглед, зависно од изборот на третманот, личните очекувања и посакуваните резултати.
За време на првата консултација во зависност од очекувањата на пациентот, целта на третманот, како и регијата која се третира, апликацијата може да трае помеѓу 15 и 45 минути.
Иако резултатите од третманот со BELOTERO® дермалните филери се долготрајни9,18, тие не се трајни, бидејќи организмот со тек на времето природно го разградува гелот со хијалуронска киселина. Повеќето пациенти го повторуваат третманот по шест или дванаесет месеци.
Исто како што усните може да се нагласат со комбинирање на кармин и молив за усни, така и филерот BELOTERO® Lips ќе овозможи зголемување на волуменот и потенцирање на контурите на усните.14,15 Производот BELOTERO® Lips Shape го зголемува волуменот на усните, a BELOTERO® Lips Contour им дава нова виталност и јасни контури.14, 15
Докажано е дека BELOTERO® производите добро се поднесуваат.16,19-22 Апликацијата може да предизвика минимално крварење и привремени отоци.9-15 Разговарајте со пациентот за неговата здравствена состојба или можноста за преосетливост. Потоа потребно е да му објасните за можните реакции и несакани ефекти на производот.
Производите од палетата на BELOTERO® се конципирани да можат заедно добро да функционираат. Што се однесува за комбинација со други дермални филери од друг производител, најдобро е да се обратите на дистрибутерот.