Откријте ја палетата на хијалуронски дермални филери за постигнување на природен изглед. Belotero филерите Ви нудат голем број на можности за ревитализација на Вашата кожа, корекција на видливите ефекти од процесот на стареење и одржување на Вашиот блескав изглед.
RADIESSE® дермален филер, на база на хидроксиапатит, е посебно развиен за стимулација на природно производство на колаген во кожата, со што се поттикнува обновувањето на клетките на кожата. Може да го подобри квалитетот на кожата, односно го враќа младешкиот изглед.
Ultherapy® е препознаен како златен стандард за нехируршко подигнување и затегнување на кожата. Производот користи технологија на фокусиран ултразвук за да се стимулира формирањето на сопствен нов колаген длабоко под површината на кожата.
SkinPen микронидлинг терапијата го стимулира производството на колаген и регенерација на кожата, ја намалува видливоста на лузните, стриите, хиперпигментацијата и брчките.
Дермалните филери и токсинот можат да го аплицираат само специјализирани експерти за естетика, односно исклучиво само лекар по Медицина или Стоматологија, со завршени дополнителни едукации и обуки за дермални филери. Едукациите за производите од портфолиото на Merz се организирани со теоретски и практичен дел, а се водени од страна на сертифицирани локални, регионални и интернационални Merz експерти во подрачјето на аплицирање на инјекции.